Изградена во далечната 1836 година, ова е најстарата градска куќа во Македонија која сеуште е во функција, куќа која претставува национално богатство кое сведочи за историјата на македонската куќа и нејзината автентичност, куќа-музеј заштитена од "Заводот за национално богатство".
Изградена од дрво и од камен, со оригинални резбани тавани, оваа куќа била дом на 6 поколенија на фамилијата Јовановиќ, а денес претставува прекрасен национален ресторан со извонреден, топол и пред се, традиционален старо-македонски амбиент.

Повеќе...